Паметните телефони се појавија во 2010 година и со тоа се променија многу работи во нашите секојдневни животи.

Повеќето луѓе не можат да си го замислат животот без смартфоните.

Пред само 10 години околу 62 милиони луѓе во Америка имаа паметни телефони, додека овој број сега порасна на 265 милиони.

Во Велика Британија во тој период смартфони поседуваа само 17% од населението, а сега тој процент се зголеми на 78 проценти.

Апликациите се едни од најреволуционерните и најпопуларните елементи на паметните телефони, особено апликациитеo за социјалните мрежи.

Направена е листата со апликации коишто се најсимнувани во изминатата деценија и не е изненадување што Facebook е на прво место, а Facebook Messenger на втората позиција.

На трето место е WhatsApp, на четврто Instagram, на петто Snapchat. По нив следуваат Skype, TikTok, UC Browser, YouTube и Twitter. Листата е направена според податоците од Google Play и App Store, a основачот на Facebook, Марк Цукерберг доминира во виртуелниот простор.

Извор: Klix.ba