Со револуционерни иновации за екранот, камерата и перформансите, одбележувајќи една цела Samsung деценија, новите модели од серијата Galaxy S10 претставени и на македонскиот пазар.

ФОТО+ВИДЕО: Никола Бурагев

Трите уникатни уреди од Galaxy S серијата на мобилни уреди – S10, S10+ и S10e кои пристигнуваат со првиот динамичен AMOLED екран, камера од новата генерација и интелигентни перформанси, од 8. март ќе бидат достапни на македонскиот пазар. Новите паметни телефони од S серијата поставуваат нови стандарди и се создадени за корисници кои сакаат врвни мобилни уреди со моќни перформанси. Сите заинтересирани, уредите ќе може да ги набават кај овластените продажни партнери на Samsung и мобилните оператори. 

Уредите од Galaxy S10 серијата ќе бидат достапни во Македонија во неколку бои: Призма Црна, Призма Бела, Призма Сина и Интензивно Жолта. Дополнително, заинтересираните за Galaxy S10+ ќе може да одберат од два сосем нови, премиум модели: Керамичко Црна и Керамичко Бела. Препорачаните продажни цени за овие мобилни уреди се движат од 54.999 денари за Galaxy S10 (128GB), односно 69.999 денари за Galaxy S10 (512GB) , 60.999 денари за Galaxy S10е (128GB), 75.999 денари за Galaxy S10+ (512GB), 97.999 денари за Galaxy S10+ (1TB) и 44.999 денари за Galaxy S10е.

Серијата на паметни телефони Galaxy S10  е навистина посебна за нас како Компанија. Создадена е за да може да ги исполни специфичните потреби на денешниот пазар на паметни телефони. Во овие уреди е втемелена цела деценија на врвни иновации. Galaxy S10 уредите се приказ на нашата заложба за динамична, храбра и светла иднина. Секој од новите уреди носи револуционерна иновација за екранот, камерата и перформансите. Создадени за потребите на различни корисници, претставуваат вистински избор без разлика за кој ќе се одлучи корисникот. S10 уредите имаат елегантен изглед и пристигнуваат со технологии кои за прв пат се имплементирани во уреди или се целосно практични за корисникот. Уверен сум дека ова е ново поглавје кога станува збор за револуционерни технологии“, истакна Милан Вујович, Директор на Секторот за маркетинг во компанијата Samsung за Адриатик регионот. 

Galaxy S10 уредите го имаат првиот динамичен AMOLED екран со “HDR10+“ сертификат кој создава живописни бои и извонреден контрастен сооднос за уште подлабоки темни нијанси и уште посветли светли нијанси. Екранот пак, пристигнува со првиот Ултрасоничен Скенер за Отпечатоци сместен на самиот екран, кој ги вчитува 3Д контурите на физичкиот отпечаток на корисникот, наместо 2Д сликата од отпечатокот, што претставува поголема заштита и безбедност за корисникот. Уникатниот “Infinity-O“ екран на Galaxy S10 пристигнува со низа сензори и технологија за камера сместена во отвор на екранот, овозможувајќи им на корисниците на овој начин да ја зголемат работната површина на екранот без дистракции.

За првпат воведена во S серијата на паметни телефони, камерата со ултра широк објектив создава можност за сликање на која било сцена во видно поле од 123 степени. Покрај Ултра Широката камера совршена за сликање на панорама, S10 уредите имаат и телефото камера со неверојатни можности за зумирање, како и широкоаголна камера за зачувување на секојдневните моменти. Galaxy S10+ пристигнува со три задни и две предни камери, Galaxy S10 има три задни и една предна камера, додека пак Galaxy S10е пристигнува со две задни и една предна камера. Двојниот објектив, поставен на задната широкоаголна камера, е направен за да го прилагодува и оптимизира осветлувањето на поддржаните режими за фотографирање – “F1,5“ и “F2,4“. Стабилизираното снимање е овозможено преку технологијата за дигитално стабилизирање без разлика на ситуацијата – “Super Steady“ . И предната и задната камера може да снимаат до “UHD“ квалитет, а прв пат во оваа индустрија, задната камера овозможува снимање со “HDR10+“ квалитет.

Камерата на Galaxy S10  уредите е уште поинтелигентна благодарение на функцијата за обработка на податоци “Scene Optimizer“, како и функцијата “Shot Suggestion“. Со овие функции корисниците може мануелно да ги селектираат напредните поставки, додека камерата сугерира што корисникот да снима и овозможува автоматски препораки за композицијата, за подобро врамување на сликата. 

Galaxy S10  е создаден со врвен хардвер и софтвер базирани на машинско учење. Од комплетно нови можности за споделување на енергијата, до подобрени перформанси на Вештачка Интелигенција и интелигентен “Wi-Fi“, Galaxy S10  претставува најпаметниот Samsung уред досега.

Со функцијата Безжично споделување на енергија се овозможува лесно полнење на паметни телефони кои имаат “Qi“ сертификат, како и полнење на компатибилни уреди за носење. Воедно, уредот може да се полни и сам, но и да полни други уреди додека е ставен на обичен полнач. Новиот Софтвер за Вештачка Интелигенција, автоматски ги оптимизира батеријата, процесорот, РАМ меморијата и температурата на уредот врз база на тоа како се користи телефонот. Galaxy S10 има интелигентна безжична поврзаност која овозможува непрекината и безбедна конекција со беспрекорен премин од “Wi-Fi“ кон “LTE“ и обратно, воедно известувајќи го корисникот за потенцијално ризични безжични конекции и поддржувајќи го новиот “Wi-Fi 6“ стандард. Преку Брзото безжично полнење 2.0 (Fast Wireless Charging 2.0), Галакси С10 се полни за 29% побрзо од Note9 и 33% побрзо споредено со S9.

Како дел од Galaxy S10 серијата на уреди, интелигентната платформа Бигзби (Bixby) ги автоматизира навиките и обезбедува персонализирани препораки. Дел од карактеристиките на овие уреди се отпорноста на вода и прашина – дел од стандардот “IP68“, услугите како Самсунг Здравје (Samsung Health) и Самсунг Декс (Samsung DeX). Galaxy S10+ пристигнува со 1 Терабајт меморија и можност за додавање на МикроСД картичка со дополнителни 512 Гигабајти, што вкупно создава простор за користење од 1,5 Терабајт. Со помош на безбедносниот систем Самсунг Нокс (Samsung Knox), со стандарди за безбедност на ниво на одбранбени сили, Галакси С10 поседува безбеден простор за зачувување податоци.

Корисниците може однапред да ги нарачаат мобилните уреди Galaxy S10 , Galaxy S10 + и Galaxy S10 е. Оние кои ќе ги нарачаат Galaxy S10  и Galaxy S10 + во одреден временски период, бесплатно ќе ги добијат новите Galaxy Bads, безжични слушалки на Samsung.

За дополнителни информации за Galaxy S10 серија, посетете ја веб-страницата https://www.samsung.com/rs/smartphones/galaxy-s10/.