Ден пред официјалната промоција, истекоа цените на Nokia 9 PureView за Европа. Уредот ќе чини 600 евра и ќе биде првиот телефон во историјата со пет камери на грбот. „Стапицата“ е дека добивате модел со постар чипсет – Snapdragon 845 наместо 855.

За споредба, претходниот предводник Nokia 8 Sirocco чинеше 750 евра при дебито и исто така го немаше најсовремениот за тој период чипсет. Тоа значи дека Nokia 9 PureView можеби ќе има предност меѓу оние корисници кои сакаат да го извлечат најдоброто oд мобилната фотографија без да даваат премногу пари за тоа.

Во Барселона, HMD Global треба да открие уште два „евтини“ модели. Од нив, Nokia 4.2 ќе чини 200 евра, а Nokia 1 Plus ќе се продава само за 100 евра, откако тоа е Android One модел, па скромната цена е нормална. Токму Nokia 1 Plus веќе се појави во Play Store за пред-нарачки, додека Nokia 4.2 засега се уште е спакувана во неизвесност.

Паралелно со ова, разбравме дека Xiaomi Mi 9 ќе чини 470 евра во Европа, а Sony Xperia 1 – 900 евра.