Веќе е познато дека премиерата на Google Pixel 4 ќе се случи на 15. октомври. Новиот смартфон останува објект на доста шпекулации. На интернет е објавена фотографија што го покажува Pixel 4. Фотографијата за која станува збор е од популарниот блогер @evleaks и покажува како ќе изгледа паметниот телефон.
Фотографијата ги потврдува очекувањата и ги покажува заоблените рабови околу екранот. Интересен детал е присуството на сензор за гестови команди на Project Soli и технологијата Motion Sense, лоцирана околу предната камера. Сè уште не знаеме дали овие иновации ќе бидат достапни во сите земји. На задниот дел, има два објектива со LED блицови, кои се позиционирани во квадратната форма во левиот агол.
Компанијата ќе лансира две верзии на паметниот телефон, кои ќе имаат дисплеи од 5,7 и 6,3-инча со OLED технологија. Корисниците ќе можат да ги искористат предностите на стапката на освежување 90GHz, како и од подобрувањата во Android 10. Главните камери веројатно ќе имаат резолуција од 16 MP и 12MP, а сензор за селфи ќе биде 12 MP. Брзината ќе ја гарантира Qualcomm Snapdragon 855 процесорот и најмалку 6 GB RAM меморија. Внатрешната меморија е 64 GB или 128 GB.