Повторно направивме експеримент со новиот Samsung Galaxy S8 – го ставивме телефонот под силен млаз вода, која со голем потисок удира како врз екранот на телефонот, така и врз деловите каде што се наоѓаат отворите за поврзување на слушалките, отворот за звучникот, како и приклучокот кој служи за полнење на батеријата.

И во овој случај, Galaxy S8 не потклекна. Тој продолжи да снима и да работи, без да му влијаат екстремните услови на кои беше изложен.