„Придружете ни се на MWC 2022 саемот во Барселона и бидете сведоци на моќта на магијата“, велат од компанијата, навестувајќи го лансирањето на новите Honor Magic  производи на настанот.

Можеме да очекуваме Honor Magic V, првиот смартфон на компанијата што се преклопува, да се појави на глобално ниво заедно со Honor Magic 3 серијата, која ги вклучува моделите Magic3, Magic3 Pro и Magic3 Pro+ претставени во Кина во август минатата година.

Можеме да очекуваме и Honor Watch GS 3 да биде лансиран на глобално ниво, откако минатиот месец беше претставен во Кина. Компанијата може да ги објави и Honor Pad таблет уредите и можната Honor 60 серија.

Преостанува уште еден месец, па можеме да очекуваме повеќе тизери и протечени информации за глобалните цени.