Апликацијата Instagram наскоро би можела да им овозможи на компаниите да постават нотификации и така да ги потсетат корисниците и потенцијалните купувачи за доаѓањето на нова колекција производи.

Instagram соопшти дека за почеток се здружува со 20 американски брендови меѓу кои се Adidas, Highsnobiety, Chinatown Market, Revolve и Huda Beauty.

Потсетникот ќе функционира слично како и оној кој корисниците можат да го подесат во stories за генерални лансирања, но брендовите и креаторите ќе можат да го користат новиот стикер на поспецифичен начин, а ќе биде овозможена и опција на купување преку апликацијата Instagram. Потсетникот ќе се појави ден пред излегувањето на нова колекција, како и 15 минути пред почетокот на продажбата.

Иако се работи само за тестирање, за Instagram има смисла да истражува со оглед на тоа дека уметниците и брендовите веќе ја користат платформата да ги најават своите ограничени производи. Засега корисниците мораат да постават сопствени потсетници.

Instagram во последно време се труди да стане ефикасна платформа за купување.