Следната генерација на iPhone што ќе пристигне во 2022 година ќе има перископ телефото камера, покажуваат новите истражувачки заклучоци на етаблираниот аналитичар Минг-Чи Куо од TF Securities.

Во извештајот на Куо, што беше објавен на порталите 9to5Mac, AppleInsider и MacRumors, се наведува дека јужнокорејската компанија Semco наводно ќе биде задолжена за новата технологија со автоматски фокус за новите модели на iPhone, објави The Verge.

Перископските камери први почнаа да ги развиваат кинеските компании, како Oppo и Huawei кои претставија телефони со опција за 5X зум. Samsung годинава им се придружи на кинеските технолошки гиганти со моделот Galaxy S20 Ultra.

Во 2016 година, iPhone 7 Plus на Apple беше првиот мобилен кој користеше секундарен 2Х телеобјектив кој исто така се користеше за длабочина при снимање портрет фотографии. Меѓутоа, Apple оттогаш не се помести од 2Х зум, додека конкурентите отидоа чекори напред.

Ако сега премине на перископ, Apple најверојатно ќе си обезбеди домет на зумот од 5Х и повеќе. Колку за споредба, P40 Pro Plus наHuawei со неговите 10Х перископски леќи има најголем оптички домет меѓу стите достапни смартфони на пазарот.

Извор: Klix.ba