Најновиот смартфон на LG наменет за индискиот пазар е опремен со звучник кој ќе ги штити корисниците од здодевните комарци.

Најновиот потег на LG е направен со цел да усреќи бројни корисници ширум Индија. Тамошните жители, помеѓу останатото, патат и од непрекинати наезди на комарци, а смартфонот K7i е создаден со цел да им помогне.

Технолошкото решение, сместено на задната страна од уредот, е звучник кој преку емитирање на ултразвучен сигнал кој е непрепознатлив за човековото уво, ги брка комарците.

Звучникот против комарци работи на сличен принцип како и бројните уреди пред него. LG веќе со години вградува вакви направи во клима-уредите, фрижидерите па дури и телевизорите.

K7i, доколку не го земеме предвид звучникот против комарци, е стандарден смартфон од средна класа K7, предводен од Android. Единствената вистинска разлика помеѓу K7 и K7i е отстранливото задно куќиште со вграден звучник.

Извор: B92