Подбрендот на Huawei, Honor ја претстави новата фитнес нараквица Honor Band 5, која има намера да и конкурира на Mi Band 4 нараквицата на Xiaomi.

Главната функција на Honor Band 5 нараквицата ќе биде можноста за мерење на заситеноста на крвта со кислород, што е опција која може да се покаже многу корисна кај спортските активности, а многу е ретка кај производите во овој ценовен ранг.

Што се однесува до останатите функции вреди да се спомене 0,95 инчниот AMOLED 2.5D екран во боја со густина на пиксели од 282 пиксели, можноста за мерење на отчукувањето на срцето, отпорноста на влијанието на водата до 50 метри длабочина, можноста за измена на изгледот на почетниот екран и автономијата од 14 дена со сите вклучени можности.

Синхронизацијата со мобилните уреди ги овозможува и опциите како што е фотографирање од далечина. Верзијата без NFC ќе чини околу 28 американски долари, додека верзијата со NFC ќе се продава по цена од околу 32 долари.