Black Shark брендот на телефони на Xiaomi, кој е фокусиран на гејминг ќе објави освежен модел во рамките на својата втора генерација смартфони. Xiaomi веќе го најави уредот, кој ќе биде претставен на 30. јули, а моделот ќе го носи името Black Shark 2 Pro.

Најновиот тизер, објавен на Weibo профилот на компанијата, ни ја прикажува задната страна на телефонот. Иако надворешниот дизајн е донекаде сличен на Black Shark 2 моделот, разликата е во двете вертикални линии. Не е познато за што тие служат, а гласините напоменуваат дека во прашање се нови прилагодливи LED-ови, кои се поместени од рабовите на оригиналниот Black Shark 2 модел.

Новиот телефон ќе го користи Snapdragon 855 Plus чипсетот и ќе има до 12GB RAM. Унапредениот Qualcomm процесор ветува подобрување од 4,2 проценти на работата на процесорот и околу 15 проценти подобрување на GPU перформансите.

Останува да ја почекаме официјалната објава на Black Shark 2 Pro моделот, за да го дознаеме остатокот од спецификациите и да видиме кои физички измени ќе ги имплементира телефонот.