Во 2016 година, поранешниот извршен директор на Opera создаде свој десктоп прелистувач наречен Vivaldi, насочен кон професионални корисници кои активно ја користеа оригиналната верзија на Opera.

Сега Vivaldi има и мобилна бета верзија за Android, која обезбедува очекувани функции како што се работа со прозорци, обележувачи, синхронизација со лозинки и безбедно пребарување. Фановите на Opera ќе бидат воодушевени од поддршката за „Speed Dials“, што овозможува лесен начин за пристап и организирање на вашите обележувачи.

Прелистувачот се фокусира на безбедноста и заштитата на личните податоци, при што компанијата зад неа не собира дополнителни податоци и користи криптирање од точка до точка при синхронизација на податоците.

Бета верзијата на Vivaldi за Android веќе е достапна во Google Play Store