Повторно се забревтува на пазарот за мобилни чипови, посебно модеми наменети за вградување во мобилните телефони. Apple, како еден од главните играчи на пазарот, неодамна се стави на страна на Qualcomm, што најверојатно го натера Intel на одлука за напуштање на производството на 5G модеми за смартфони. Intel на тој начин “испадна од игра” со Apple, но се чини само привремено. Wall Street Journal сега донесува приказна за тоа дека овие две компании преговараат за тоа Apple да го преземе одделот на Intel за производство на модеми за паметни телeфони.

Преговорите за оваа работа се тајни, но веќе доста напредуваа од минатата година. Наводно се разговара за преземање на целиот оддел за производство на мобилни модеми, заедно со патентите, технологиите и вработените. Цената се движи околу милијарда долари или повеќе, а договорот би можел да постигне веќе следната недела.

Со овој потег Apple би дошол во позиција повеќе да не зависи од Qualcomm, туку самиот да произведува 5G чипови за идните генерации на уреди, и тоа веќе на поставените темели на Intel. За Intel продажабата на одделот за мобилни модеми би значело дека се решаваат од делот на производството кој не им донесува заработка, туку губи околу милијарда долари годишно.

Официјални информации од двете компании засега нема.