Уште само една недела нѐ дели од официјалната премиера на долго очекуваниот флегшип модел на компанијата Huawei, наречен P30 Pro. И се разбира, како и обично кога некој од поголемите производители ќе најави нов смартфон – „протекуваат“ голем број фотографии и информации околу него.

Во изминатиот месец споделивме голем број информации и детали за новиот Huawei P30 Pro, а откако го добивме официјалниот датум за премиера, се појавија и првите официјални фотографии од уредот.

https://twitter.com/evleaks/status/1108517258622586880?s=21

Моделот P30 Pro ќе пристигне на пазарот со одличен 7nm Kirin 980 процесор, систем од четири камери на задната страна, како и сензор за отпечатоци од прст вграден во екранот. Овој смартфон ќе се разликува од останатите со 10-кратен хибриден зум, додека регуларниот P30 ќе има 5-кратен хибриден зум на камерата.

https://twitter.com/evleaks/status/1108513463486287874?s=21

Фотографиите кои ги објави инсајдерот Еван Блас ги покажуваат сите варијанти на бои во кои ќе биде достапен Huawei P30 Pro, како и модерниот, освежен дизајн на флегшип моделот на кинеската компанија. Покрај црвената и црната боја, купувачите ќе можат да одберат и некои од „мултиколор“ верзиите на Huawei.

Официјалната премиера на Huawei P30 Pro ќе се случи на 26 март во Париз, Франција.