Фондацијата Mozilla најави дека ќе престане да се рекламира на Facebook поради големиот скандал кој оваа социјална мрежа ја поврзува со давањето лични податоци на корисниците на други лица. Тоа го прави без никаква дозвола. Фондацијата ќе „паузира“ со своите реклами, а со самото тоа ќе стагнира и заработката на Facebook. Ова ќе се случува сè додека Марк Цукерберг не покаже дека ја засилил заштитата и приватноста на корисничките податоци.

Денел Дикстон, која е задолжена за финансиите на Mozilla, објасни дека Facebook направил голем број промени, но и понатаму постои многу простор да се унапреди заштитата на податоците на луѓето и дека поради тоа нема да има рекламирање, барем додека фондацијата не биде сигурна дека се целосно безбедни.

“Охрабрени сме од одлуката на Марк Цукерберг и неговото ветување дека ќе ги прошири мерките кои ја штитат приватноста на корисниците. Кога Facebook со своите акции ќе покаже дека внимaва како се споделуваат податоците на корисниците, посебно на трети страни и апликации, тогаш ќе размислиме да ги вратиме нашите реклами на неговите страници“, стои во соопштението на компанијата.

Со оглед на тоа дека компанијата остварила заработка од 520 милиони долари во 2017 година, ова нема да биде губиток кој Цукерберг лесно ќе го поднесе. Експертите веруваат дека Mozilla не е единствениот огласувач кој ќе ги повлече своите реклами од Facebook, и дека ова е само почеток.