Huawei ќе го претстави својот прв Smart TV, а инсјдерите сугерираат дека уредот ќе го користи Harmony OS. СО оглед на тоа дека неговото претаставување се очекува во август, тоа ќе биде и првиот уред кој ќе го користи оперативниот систем на Huawei.
Телевизорот ќе биде објавен во рамките на Honor брендот, а првиот модел ќе има екран од 55 инчи. Би функционирал како хаб за smart home системот на Huawei, покрај тоа што ќе биде и платформа за забава.
Претседателот на Honor брендот истакна дека смета дека компанијата ќе врати одреден број корисници, кои во последно време помалку се заинтересирани за своите телевизори, а повеќе се фокусираат на мобилните уреди (посебно на пазарот на Кина). Тој, меѓутоа, официјално не потврди кој оперативен систем ќе го користи ТВ уредот.
Во секој случај, доколку се обистинат гласините, ова на тимот на Harmony ќе му овозможи да го исполира системот и да ги отстрани грешките пред софтверот да се најде на телефоните.