Intel моментно врши истражувања на полето на технологијата на флексибилни екрани, а компанијата верува дека само неколку години не далт од тоа нешто конктретно да видиме на пазарот. Ова би можело да стигне во форма на флексибилен лаптоп.

Според наводите од извештајот на Nikkei Asian Review, официјално лице на Intel истакна дека би можеле да не делат околу две години од објава на флексибилен лаптоп со екран што се превиткува. Во Intel, сепак, се внимателни во конкретните објави на временските рамки кога би можела да се појави технологијата, бидејќи истражувањето и развојот се во рани фази и засега компанијата пробува да ги сфати можностите и лимитите на флексибилните технологии.

Од друга страна, истакнато е дека Intel во секој момент би можел технички да го забрза равојот на технологијата и да ја објави многу порано. Но, ни индустријата, ни заедницата на корисници засега немаат барања по тоа прашање. на поради тоа не постои потреба да се брза со развојот на технологијата.