Работата на флексибилниот уред на Microsoft, кој е наречен Project Andromeda и за кој се веруваше дека е Surface Phone, минатата година беше ставен на пауза кога станува збор за развојот на уредот. Меѓутоа, неодамна откриениот патент, кој го објави World Intellectual Property Organization (WIPO), се фокусира на шарката, која би можела да биде користена на уредот.

Оваа шарка ќе овозможи дисплејот да се ротира за цели 360 степени, а на корисниците ќе им овозможи уредот да го претворат во мобилен телефон. Илустрацијата со патентот покажува дека корисникот може само малку да го отвори свитканиот дел, за да ги види известувањата и потсетникот.

Минатата година, се сугерираше дека својот флексибилен уред Microsoft би можел да го претстави до крајот на 2019. година. Сепак, истакнато е дека моделот ќе биде поголем отколку што сугерираа претходните рендери и дека можеби нема да го собира во џеб. Сепак, уредот нуди опции за поврзување, користи верзија на Windows и би можел да биде вистински погодок за Microsoft.