Xiaomi Mi A3 е официјализиран, а телефонот е заснован на Mi CC9e моделот и не пристигнува со големи надградби во однос на овој модел. Тука е 6,1-инчниот OLED екран со резолуција 1560 x 720 пиксели.

Почетната цена на телефонот е 250 евра, а за ова се добива Snapdragon 665 чипсет и 64 GB простор за складирање. Верзијата со 128 GB чини 30 евра повеќе. Постои можност за надградба преку microSD слот.

Позначајна надградба кај Xiaomi Mi A3 моделот во однос на Mi A2 е камерата. Тука е 48 MP главен сензор со f/1.78 отвор на блендата, потоа 8 MP ултраширока камера (118°) и 2MP depth сензор. Камерата на задната страна може да снима 2160p видео @ 30fps или 1080p @ 120fps. Селфи камерата е сместена во засек и има 32 MP сензор (снима 1080p/30fps видео).

Уште една поголема надградба во однос на минатогодишниот модел е батеријата. Капацитетот е од 3000mAh зголемен на 4030mAh, а поддржува 18W брзо полнење. Сензорот за отпечатоци од прсти е сместен под екранот, што ги следи актуелните трендови.

Xiaomi ќе го објави Mi A3 во три бои: сина, бела и сива. Телефонот најпрвин ќе биде достапен во Шпанија, а потоа ќе се прошири глобално.