Samsung ја претстави 2021 верзијата на The Wall (име на моделот: IWA) дисплејот, кој има големина од 1000 инчи. Овој екран им е наменет на претпријатијата кои сакаат да ја прикажат и презентираат својата содржина.

Во овој модел на екран, Samsung имплементираше нова AI технологија на процесирање и изврши надградба на 120Hz освежувањето. The Wall е опремен и со богати опции за монтирање.

Оваа верзија на The Wall дисплејот пристигнува со новиот Micro AI Processor, кој го анализира и подобрува секој фрејм на видеото за да обезбеди најдобар можен квалитет на сликата. Според наводите на Samsung, AI е истрениран со 16 различни neural network модели, за да ја оптимизира содржината до 8K резолуција.

Покрај официјалната поддршка за репродукција на содржини во 8K @120Hz, The Wall всушност поддржува резолуција до 16K во 15360 x 2160 распоред на пиксели. Исто така, тука е и поддршката за picture-by-picture екраните од различни извори на содржини, кои можат да се прикажат во 4К резолуција.