И покрај царините и трговската војна со Кина, Apple својот најскап компјутер, сепак, во целост ќе го составува во Кина, дознава Wall Street Journal. Досега единствен позначен производ на Apple кој се составуваше во САД беше токму минатиот Mac Pro, а во компанијата тоа со гордост го истакнуваа.
Администрацијата на Трамп во последните месеци врши голем притисок на меѓународните корпорации за дел од своето производство да го вратат во САД, да се воведуваат царини на стоката увезена од Кина, но ништо од тоа не успеа да го наговори Apple да продолжи со склопување на најскапиот Mac на американско тло.
Apple moves Mac Pro production to China from U.S.: WSJ https://t.co/n24ug5RW9F pic.twitter.com/BbjCbk275p
— Reuters (@Reuters) June 28, 2019
Mac Pro со почетна цена од 6.000 долари ќе се склопува во кинеските погони на компанијата Quanta Computer во близина на Шангај. Apple така ќе заштеди на транспортните трошоци на компонентите кои и онала се произведуваат во Кина, и тоа изгледа ќе биде доволна заштеда да ги поништи негативните ефекти на царината.