Со моделите Galaxy S8 и Galaxy S8+, Samsung и тоа како ја врати довербата на потрошувачите по минатогодишните проблеми со фаблетот Note 7. Меѓутоа, јасно е дека наследникот на овој уред со голема дијагонала стигнува секој момент, а очекувањата се големи. Новата порција гласини го донесе можеби и првиот поглед на годинашниот ударен модел на Samsung.

Уште во мај Samsung потврди дека Note8 ќе биде подобар, посигурен и поинвентивен од се досега, па поради тоа и очекувањата се многу високи. Благодарејќи на компјутерскиот приказ наводно направен врз основа на официјалните шеми, ентузијастите имаат прилика прв пат да видат како би изгледал Galaxy Note 8.

Без посебно изненадување, во Samsung се водеа од дизајнерските насоки на новите Galaxy S8 модели, со одредени измени потребни за фаблет категоријата. Екранот е нешто поширок, а тука е местото за сместување на S Pen пенкалцето од долната страна на уредот.

Меѓутоа, многумина наведуваат дека нема никаква шанса Samsung да ја врати подебелата рамка на уредот од овие компјутерски прикази и дека сето ова е всушност лажно. При тоа, посебно во очи упаѓа и испакнатиот дел кој содржи двоен систем на камери, кој наводно ќе биде со дебелина од дури 9,5 милиметри. На фановите тоа им е чини премногу за моделот што пристигнува во вториот дел од 2017. година и не претерано во склад со минималистичката филозофија на Samsung. Можеби фабричките CAD фајлови за изработка на рендери за изработка на рендери биле за некој прототип? Тоа ќе го каже времето.