Полскиот регулатор за заштита на конкуренцијата UOKiK отвори истрага против Google поради сомневање дека компанијата ја злоупотребила својата доминантна позиција во преговорите со полските медиуми за плаќање за нивната содржина.

Според регулаторот, Google не им обезбедувал на издавачите доволно информации за да можат да ги проценат неговите понуди и рамноправно да преговараат за надоместоците за содржините што се појавуваат во резултатите од пребарувањето, Google News и Discover.

„Големите технолошки компании не можат да бидат над законот“, изјави претседателот на UOKiK, Томаш Хростни. Тој оцени дека поради недостигот на информации, издавачите практично биле принудени да ги прифаќаат условите што ги поставувал Google.

Истрагата ги опфаќа Alphabet Inc., Google LLC, Google Ireland Limited и Google Poland. Компаниите не одговориле веднаш на барањето на Reuters за коментар.

Доколку се утврди злоупотреба на доминантната позиција, казната може да достигне до 10 отсто од приходите на компанијата.

Постапката е одвоена од истрагата што Европската комисија ја отвори во декември 2025 година за да утврди дали Google користи содржини од медиумските издавачи за услуги базирани на вештачка интелигенција без соодветен надомест.