Новата функција на Skype ќе биде достапна кон крајот на овој месец

Microsoft конечно ја додаде опцијата за снимање на разговорите. Подоцна овој месец, Skype ќе биде ажуриран да содржи вградено снимање на разговорите. Оваа нова опција ќе биде базирана на облакот, со што ќе имате пристап до вашите снимки од разговорите низ различни уреди, вклучувајќи ги Windows, Mac, iOS, Android, па и Linux.

Ова е првпат Skype да вгради снимање на разговорите уште од првото лансирање пред 15 години. Оваа опција е само дел од новите функции што ќе ги воведе апликацијата ова лето.

Друга нова опција е тоа што десктоп-апликацијата ќе добие нов дизајн. Класичниот изглед на Skype може да се ажурира во нов дизајн што е сличен на мобилната верзија на Skype. Microsoft го тестира новиот дизајн изминатава година и сега планира сите десктоп-корисници да извршат nadgradba на 8.0 верзијата до 1 септември.

Новата десктоп-апликација вклучува голем дел од функциите од Windows 10 или мобилната верзија. Исто така, приватните разговори ќе бидат засилени со „Сигнал Протокол“ за да се обезбеди дека аудиоповиците и разговорите се шифрирани.
Извор: The Verge