Редизајнираниот 16-инчен лаптоп на Apple би требало да пристигне на пазарот овој септември, јавуваат странските медиуми.
Како што објави The Verge, а според најавите на пазарниот аналитичар Џеф Лин, новиот лаптоп на американскиот техно гигант ќе користи LCD екран од LG со резолуција од 3072 x 1920 пиксели. Тоа би претставувало зголемување во однос на сегашниот 15,4-инчен MacBook Pro со резолуција на екранот од 2880 x 1800. Новиот 16-инчен модел наводно ќе има нов процесор, што не е изненадувавачки.
Apple ја обнови својата MacBook Pro понуда минатиот месец кога лаптопите добија помоќни процесори и измени на контроверзните тастатури со „butterfly“ механизам.
Аналитичарите очекуваат дека во септември подобри процесори ќе добијат и MacBook Air и 13-инчниот MacBook Pro.
За 12-инчниот MacBook засега нема детали, а со оглед на тоа дека не добил подобрувања веќе две години, не се очекува дека ќе добие нова верзија.