Ова е прв официјален смартфон на Xiaomi со засек во екранот кој може да се скрие софтверски

Xiaomi Mi 8 е официјално претставен, а потврдени се поголем дел од информациите и гласините кои се појавуваа претходните недели и месеци. Телефонот со кој компанијата Xiaomi го обележува својот осми роденден пристигнува со чипсетот Qualcomm Snapdragon 845, две камери на задната страна и дуал GPU поддршка. Ова е прв официјален Xiaomi телефон со засек во екранот кој може да се скрие софтверски. Во споменатиот засек е сместено инфрацрвеното решние на Xiaomi за 3D Face Unlock, кое работи и во услови на слабо осветлување.

Xiaomi Mi 8 има 6.21-инчен екран и користи Samsung AMOLED панел со 18,7:9 однос. Резолуцијата е Full HD+ или 2248 x 1080 пиксели. Приклучокот за слушалки од 3.5 mm е отфрлен уште во 2017. година со Xiaomi Mi 6 моделот, но затоа тука е USB-C за сите конекции.

Претставена и е поексклузивната варијанта на Mi 8, под името Explore Edition. Овој модел има сензор на отпечаток на прстот во екранот, додека проѕирниот заден панел дава увид во внатрешниот хардвер на телефонот.

Xiaomi Mi 8 пристигнува со две камери на задната страна: 12MP (f/1.8, 1.4µm) + 12MP (f/2.4, 1.0 µm), а втората камера е телефото. Камерата имплементира AI функции за подобрување преку 200 сцени и фотографирање во услови на слабо осветлување. Примарниот сензор (IMX363) го креираше Sony, додека секундарниот S5K3M3 е дело на Samsung. Селфи камерата има сензор од 20 MP (f/2.0) и исто така има AI подобрени фотографски можности. Сензорот за детекција на лицето е одвоен и не се користи за селфи фотографии.

Извршниот директор на Xiaomi, Леу Јин истакна дека Xiaomi Mi 8 на DxOMark тестот оствари вкупен резултат од 99 поени, што е повеќе отколку што забележаа Xiaomi Mi Mix 2s и iPhone X, кои имаа 97 поени.

Xiaomi Mi 8 е официјализиран и како прв смартфон со Dual GPS поддршка. Телефонот ја користи традиционалната L1 фреквенција, која ја комбинира со L5 фреквенцијата, која воглавно се користо во аеронаутичката индустрија. Ова локациско-базираните сервиси би требало да ги направи попрецизни од било кога.

Телефонот има цена помеѓу 420 и 515 долари за варијантата со 6GB RAM и 64GB простор за складирање, 6GB/128GB варијантата, односно најскапиот модел со 6GB/256GB. Xiaomi Mi 8 Explore Edition ќе има само верзија со 8 GB RAM и 128 GB интерна меморија и ќе чини околу 600 долари.