Microsoft веќе подолго време не претставил некоја своја веб-камера, но изворите кои разговараа со Пол Турот (добар познавач на состојбите во компанијата) тврдат дека на пазарот на веб-камери ќе се врати во текот на 2019. година.

Според неговите зборови, во подготовка се два модела со 4K резолуција, од кои барем една ќе ги поддржува и Xbox One конзолите. Таквата камера нема да биде замена за Kinect (бидејќи нема сензори за длабочина), но би можела да се искористи за лесно автоматизирано логирање на повеќе корисници, видео комуникација преку Skype, како и други работи кои бараат присуство на камера. Што се однесува до Windows, камерите би требало да го поддржуваат Windows Hello начинот на верификација. Тоа би било прв пат Microsoft да ја нуди таа функционалност во засебен уред.

Засега се уште не е познато кога камерите ќе станат достапни на пазарот. Се претпоставува дека, бидејќи едната најверојатно е фокусирана на претпријатија, може да биде понудена како додаток за Surface Hub 2 – 50-инчниот систем на Microsoft осетлив на допир, наменет за колаборативна работа.