И покрај сето што го знаеме за сигурноста на интернет и разните предупредувања, многумина од нас и натаму се многу опуштени кога се работи за сигурноста на нашите профили на Facebook. Сепак, советот е сепак да ги проверите своите профили. Постои многу лесен начин за тоа.

Она што е погодно за хакирање на оваа мрежа се лозинките кои лесно можат да се погодат (како 12345 и другите слични). потоа неажурирање на антивирусните софтвери и давањето лични податоци на разни места.

Со оглед на тоа дека се логираме на Facebook кога и да можеме од разни уреди, неретко се случува да заборавиме дали на крајот сме се одјавиле, што значи дека сега некој може да го користи нашиот профил или мејл.

Постои начин тоа да го спречите, дури и ако сте далеку од уредот од кој во некој момент сте се логирале.

Кога ќе се најавите на Facebook (било на телефон, таблет или компјутер) кликнете на Подесувања, потоа на Сигурност и на крајот на опцијата “Каде сте најавени”.

Потоа кликнете на Edit и ќе ги видите сите уреди на кои моментно сте логирани. Ќе видите дали сте најавени на компјутерот или смартфонот, како и IP адресата и последното време кога тој уред е користен за пристап на вашиот профил на Facebook.