HTC развива нов Android уред кој ќе го покренува блокчеин технологијата

Моделот наречен Exodus ќе има универзален паричник и вградена сигурносна енклава, за да ги поддржува криптовалутите и децентрализираните апликации.

HTC го повика и Фил Чен, авторот на конзолата за виртуелна реалност HTC Vive, кој ќе биде одговорен за сите иницијативи врзани за блокчеин и криптовалутите во оваа компанија, вклучувајќи го и развојот на Exodus.

Оваа компанија сака да создаде блокчеин мрежа со сите Exodus телефони, кои ќе поддржуваат размена на криптовалути помеѓу корисниците на уредите.

“Многу ни е мило што преку Exodus ќе поддржуваме протоколи како Bitcoin, Lightning Networks, Ethereum, Dfinity и многу други”, изјави Чен коментирајќи ја интеграцијата на блокчеин апликациите во хардверот на уредите.

“Еден ден сакаме да го поддржуваме целиот екосистем на блокчеинот, а во текот на следните неколку месеци ќе претставиме голем број нови возбудливи партнерства”.

HTC толку верува во криптовалутите што е подготвен да ги користи како легитимен метод на купување на самиот уред, иако во овој момент се уште не е објавено колку ќе чини.

Секако, HTC не е првата компанија која се сети да направи блокчеин телефон. Истото го направи Sirin Labs, претставувајќи смартфон од 1.000 долари, кого би требало да го видиме во октомври оваа година.

Прашање е меѓутоа, колку овие скапи гаџети можат да понудат во смисол на подобрување на самото искуство во работата со криптовалутите, во споредба со останатите “обични” паметни телефони.

Смартфоните со блокчеин се направени да можат да понудат поголема безбедност и подобро корисничко искуство со интеграција на тн. “cold wallet” во самиот телефон, како и со овозможување на директна размена на криптовалутите со другите корисници на телефонска мрежа без надомест за рударење.