На трендот на се почестото воведување на темни теми на се поголемиот број социјални мрежи и други софтверски и веб-сервиси и апликации, очигледно никој не може да остане имун.

Сега и Google најави дека најпопуларниот веб мејл сервис на светот е следен на ред. Gmail, исто така, ќе добие тема тема, односно таканаречениот Dark Mode.

Според сведочењата на одредени корисници, најновата верзија на Gmail апликацијата за Android, на некој начин веќе добила темна тема, но се чини дека таа се уште е во рана фаза на развој, односно дека е протечена во случајна или намерна грешка.

До појавата на официјалната верзија, кој секако освен за Android, се очекува и за iOS и PC, ќе треба уште да почекаме.