Неколку производители на смартфони најавија модели со отвор за предната камера (punch hole) во самиот екран. Ова ќе ја елиминира потребата од засек (notch). Помеѓу овие проозводители е и Huawei со својот претстоен телефон Nova 4. Huawei Nova 4 ќе биде претставен на 17. декември, а сега се појавија неколку фотографии од смартфонот во живо.
Фотографиите потврдуваат присуство на отворот за камера во горниот лев агол на дисплејот. Делува како предната страна да има прилично тенки рамки, а ова е нешто што производителите на телефони активно пробуваат да го постигнат. Ова беше пробано со засекот во текот на 2018, а се чини дека во 2019. година, во тренд ќе бидат punch hole решенија.
Се очекува дека и подбрендот на компанијата Honor ќе го следи овој тренд следната година, а веќе е најавено дека кон крајот на јануари ќе биде претставен Honor модел со отвор за камерата во самиот екран.