Според Блумберг, Apple изразил одреден интерес во 3D-сензорот, кој Sony започна да ги произведува ова лето. Чиповите ја користат time-of-flight технологијата која овозможува мапирање фотографии во 3D.

Сатоши Јошихара, генерален менаџер на сензорскиот бизнис на Sony, истакнал дека неколку производители на мобилни телефони се заинтересирани за сензори за чипови, поради што компанијата го прошири своето производство. Сензорите треба да се имплементираат во задната камера и 3D предната камера на различни телефони во текот на следната година.

Сепак, кога станува збор за iPhone, аналитичарот Минг-Чи Куо не верува дека Apple ќе започне да го користи time-of-flight системот во скоро време. Според него, сегашниот систем со две камери (кој може да се најде на премиум iPhone-ите од моделот iPhone 7 Plus) може да симулира доволно информации за далечина/длабочина, што е потребно за создавање на фотографијата.

Поради оваа причина, Блумберг додава дека нема да биде неопходно iPhone моделите за 2019 да бидат опремени со ToF систем на задната страна.