Љубителите на Samsung со нетрпение го очекуваат новиот Galaxy S11, а сега се појавија и најави како би можел да изгледа новиот смартфон.

Познатиот типстер Стив Хемерштофер кој го објави и изгледот на Galaxy S10 уредот пред официјално да биде претставен, пружи увид во новиот уред и опиша некои од неговите функции.

Како што пренесува Business Insider S11, S11 однапред има дизајн како S10, но големината на камерата изгледа целосно поинаку во однос на претходните модели на Samsung. Предната камера, пак, ќе биде поместена во горниот десен дел на екранот во центар.

Рамките се тенки само 7,8 милиметри, екраните на S11 и S11+ ќе бидат 6,7 и 6,9 инчи, а краевите ќе бидат помалку заоблени отколку на претходниот уред.

Најзначајната шпекулација е дека главната камера ќе има сензор од 108 мегапиксели. Што се однесува до опциите не би требало да има некои големи промени.

Се очекува дека новиот Galaxy S11 ќе биде претставен во феврурари 2020 година.