Како што се наближува премиерата на новиот модел на BMW – Z4, така се појавуваат се повеќе детали за овој автомобил.

BMW постепено ја открива новата генерација на своето возило низ тизер видеа и фотографии, а коцките за неговиот изглед полека се поклопуваат, благодарение на патентните цртежи кои се појавија на интернет.

Освен тоа, BMW неодамна објави и некои детали за најмоќната верзија на овој автомобил кој ќе има нов 3.0-литарски шестцилиндричен мотор со околу 385 коњски сили.

Најмоќниот Z4 ќе биде опремен со електронски контролирани амортизери, а BMW најави дека овој автомобил ќе поседува и високоперформансни кочници.

Произведувачот и понатаму го држи во тајност датумот на премиерата, а се очекува новиот Z4 за прв пат да биде изложен пред публиката на саемот за автомобили во Париз кон почетокот на октомври.