Не е тајна дека Samsung планира во догледно време да понуди и смартфони со екран на превиткување. Еден таков модел веќе делумно покажа во јавноста на својата минатогодишна конференција за програмери.

Иако поради заштита на дизајнот не беше можно уредот да се види без заштитна футрола, принципот на неговата работа е откриен. Од внатрешната страна се наоѓа голем екран кој се витка по средината, додека од надворешните страни се наоѓа дополнителен дисплеј со помали димензии, кој служи за поедноставна употреба на уредот, на ист начин на кој ги употребуваме стандардните паметни телефони.

Изгледа, меѓутоа, дека во Samsung немаат намера да претстават само обичен флексибилен телефон, туку дека на ум имаат и уште еден модел – наменет за гејмери.

Како што може да се види на рендер фотографиите, гејминг моделот би можел да се свитка на две места – по средината и на дното. На долниот дел би се нашле копчиња слични на оние на денешните џојпед контролери.

Кога таквиот телефон би се користел како обичен, тастерите би биле сокриени во внатрешноста на уредот, а површината на екранот би била нешто поголема.

Постоењето на патентот, меѓутоа, не значи дека таквиот уред навистина ќе се произведе, но секако е интересно да се види каква технолошка иднина не очекува.

Извор: B92.net