OnePlus претходно оваа година го објави OnePlus Nord, откако минатиот месец беа претставени Nord N10 и Nord N100. Сега изгледа дека компанијата веќе работи на наследник на стандардниот Nord модел.

Дојавувачот Max Jambor објави мистериозен тизер на Twitter, за производ со кодното име Denniz. Jambor потоа за PhoneArena потврди дека ова е кодното име за OnePlus Nord 2.

Оригиналниот Nord го носеше кодното име Avicii, по починатиот шведски ди-џеј, па претпоставка е дека Dennis е омаж, на исто така преминатиот ди-џеј Дениз Поп.

Засега не е познато ништо заOnePlus Nord 2 телефонот. Но, доколку ги следи стапките на оригиналниот модел, се очекува процесор од Snapdragon 700 серијата, OLED екран со висока стапка на освежување и 30W+ брзо полнење.