Во новиот извештај на IDC за третиот квартал оваа година се истакнува дека пазарот на носечките уреди продолжува да расте, посебно благодарение на entry-level уредите на компаниите Garmin, Fitbit и Huawei
IDC донесува нов извештај кој потврдува дека носечките уреди го доживуваат своето златно доба. Според споменатиот извештај, во текот на третиот квартал оваа година, испораачани се 32 милиони носечки уреди, што е раст од 21,7 проценти на годишно ниво.
Факторите кои се заслужни за овој успех се пред се растот на побарувачката за ваквиот вид на производ во азиско-пацифичкиот регион и добрите резултати на компаниите Fitbit, Garmin и Huawei во entry-level сегментот на пазарот.
Што се однесува до количината на испорачаните носечки уреди според производител, на прво место се наоѓа Xiaomi со 6,9 милиони испорачани носечки уреди на глобално ниво, со пазарен удел од 21,5 проценти и годишен раст од 90,9%. На второ место се наоѓа Apple со 4,2 милиони испорачани уреди, пазарен удел од 13,1 отсто и годишен раст од 54 проценти.
Fitbit падна на третата позиција со 3,5 милиони испорачани носечки уреди и сега има пазарен удел од 10,9 проценти, додека на четвртото и петтото место се наоѓаат Huawei и Samsung со пазарни удели од 5,9, односно 5,6 отсто. Двете компании бележат раст на испораките на годишно ниво, Huawei 20,3%, а Samsung раст на испораки од 91% благодарение на својата Galaxy Watch линија паметни часовници.