EIZO го претстави новиот член од семејството FlexScan. Се работи за мониторот со ознака FlexScan EV2457, кој како што му открива самото име, има дијагонала од 24 инчи.

Поточно, дијагоналата на екранот е сепак нешто поголема – 24,1 инч. Овој монитор се одликува со IPS панел со резолуција од 1.920 x 1.200 пиксели. Понатаму, треба да се споменат видливите агли од 178 степени (хоризонтално и вертикално), контраст од 1000:1, осветлување од 350 нита и брзина на одзив од 5 ms (GtG)

Како што можете да видите на приложените фотографии, рамките околу екранот се многу тенки, што посебно ќе знаат да го ценат корисниците, кои во секојдневната работа мораат да користат повеќе монитори. Мониторот ја има функцијата Daisy Chain, односно можноста за поврзување на повеќе монитори во таканаречен синџир. Со тоа, на крајот имате само еден кабел, што треба да го приклучите својот преносен или десктоп компјутер, со што се намалува нередот на масата и зад неа.

Мониторот има по еден DisplayPort (1.3), HDMI (1.4) i DVI-D (1.4) порт. Во случај да сакате да ја користите Daisy Chain функцијата, мониторите ќе мората да ги споите преку DisplayPort. EIZO додаде и USB 3.1 хаб со еден Type-B и четири Type-A портови.