Во постот на страниците на кинеската микроблогинг платформа Weibo, филијалата на Huawei го најави датумот на претставување на својот нов модел Honor 10 Lite.

Обелоденетите податоци, меѓутоа, не ги содржеа деталите за техничките карактеристики на уредот. Неколку часа подоцна, се појавија спецификациите, но на страницата на официјалната онлајн продавница на Huawei – Vmall.

Телефонот ќе има LCD екран со дијагонала од 5,84 инчи во 19:9 формат и нов Kirin 710 чип, во комбинација со преинсталираната GPU Turbo опција.

Сензорот за отпечатоци на прсти се наоѓа од задната страна на уредот, каде што е сместена и двојната камера.

Honor 10 Lite е достапен за преднарачки до 21. ноември, за кога во Пекинг е закажана официјалната промоција.

Деталните податоци за камерите, капацитетот на батеријата и можната компатибилност со SuperCharge полначот, се уште не се познати.