Huawei се подготвува на почетокот на март да претстави три нови премиум смартфони, а во прашање се Huawei P40, P40 Pro и P40 Premium Edition, а се очекува и P40 Lite. Се верува дека телефоните ќе го имаат истиот Kirin 990 5G процесор кој го има и Mate 30 серијата.

Рендерите (делуваат како официјални) за Huawei P40 i P40 Pro ги видовме и претходно, а сега се појави фотографија во живо од Huawei P40 Pro моделот, која го открива дизајнот на предната страна на телефонот.

Според она што го прикажува фотографијата, Huawei P40 Pro има дисплеј со двоен punch-hole отвор, што значи дека постојат две селфи камери. Протечената фотографија сугерира и дека уредот има закривен, односно waterfall екран, а рамките се многу тенки од горната и долната страна.

Кога се во прашање спецификациите за Huawei P40 Pro, се очекува дека Premium Edition ќе има 10x зум, Pro моделот ќе има imati 2x зум и стандардниот модел ќе користи 3x зумирање. Би можел да постои Leica брендиран систем со четири камери на задната страна. Остатокот од карактеристиките вклучуваат 5G поддршка, 12GB RAM, 512GB простор за складирање и EMUI 10 без Google апликации.