Huawei полага доста надежи во паметните телефони со флексибилни екрани, а во неодамнешно интервју, CEO на компанијата, Ричард Ву ги откри краткорочните планови на кинескиот гиганѕ за новиот формат на уреди.

Поради тоа што сегментот на флексибилни смартфони е исклучително нов, Huawei се фокусира на неодамна објавениот Мате X, кој во продажба ќе се најде од јуни. Компанијата признава дека овој телефон е прилично скап, но како што свитливите теелфони ќе стануваат се поприфатени, се очекува и пад на нивните цени. Huawei очекува дека само за две години, уредите со дисплеј на преклоп ќе чинат колку и стандардните модели.

Овој постепен пад на цените, исто така, ќе резултира и со тоа Huawei да пласира повеќе уреди на пазарот, а до 2021. година, половина од премиум телефоните на компанијата би можеле да имаат свитливи дисплеи. Еден од овие модели би можел да биде и компактен уред, кој е помал од Mate X и P30 Pro моделите.

Huawei, сепак, знае дека нема сите да бидат заинтересирани за новиот формат на пазарот на смартфони и дека многумина и натаму ќе ги преферираат традиционалните телефони, кои нема да бидат загрозени со новите формати уште долго време.