Една од кул функциите со кои не запозна Samsung при претставувањето на Galaxy S9 и S9+ е можноста која се нарекува ”Super High Frame Rate Slow-Motion Video”. Еве некои совети како да се извлече најдоброто од оваа можност.
-
- Светлоста е многу важен сегмент. При снимање на видео на речиси 1000 фрејма во секунда (fps) драстично се намалува количината на светлината која влегува во сензорот на камерата. За најдобри видео-снимки на 960 fps ќе ви биде потребно многу, многу светло.
- Автоматскиот начин тука е најдобар и најефикасен за користење. Камерата ќе ви допушти префрлање на “рачен” начин на фотографирање, но со оглед на тоа дека прозорецот за фаќање “трае” само 0.2 секунди, ова е исклучително тешко да се се направи рачно. Од таа причина оставете го вклучен автоматскиот начин, бидејќи ќе ви заштеди многу маки.
- Слободно спуштете го квалитетот и на 240 fps. 960 fps изгледа одлично, но овој начин има свои ограничувања (кои се огледаат во потребата за многу високо ниво на светлина и едвај поголем квалитет од 720p). Во случај баш и да не сте во некоја голема потреба за “екстремниот” Super Slow-Motion, префрлете го на “вообичаениот” и снимајте на 240 fps.