Пред околу една година, Google почна да ги менува елементите во својот Play Store на Android TV, со фокус на константно истражување, поголеми thumbnails, интерактивни позадини и севкупно модерен дизајн. Сега, кога новиот Chromecast е лансиран со сосема нов Google TV UI, Play Store почнува да изгледа малку застарено.

За да го одржи свеж, Google објави нов toolbar, нови икони и изменет екран. Апдејтот доаѓа и на Shield TV и Chromecast со Google TV, како надградба на верзијата v22.9.09 на Play Store (APK Mirror), а самото издание изгледа дека не се разликува по регионот или државите, така што во некој момент сите би требало да го добијат.

Иако промените наизглед се минорни, чувството е дека се всушност битни, затоа што влијаат на изгледот на главното мени, но и на начинот на кој се движите низ Play Store. Претходните верзии на Apps, Games и My Apps tabs, сега се поедноставени во помали икони. Менито на подесувањата што беше од страна сега е на средина, а го менува Google account аватар.

Подесувањата се поделени во три оддели – еден за управување со апликациите, вториот за менување на профилот и третиот за разни работи. Интерфејсот делува поусогласено со изгледот на подесувањата на Google TV.