Моделот Redmi S2 на Xiaomi претставува вовед во ерата на паметни телефони со висококвалитетна предна камера – наменет за љубителите на селфи сликањето. Истовремено, телефонот е еден од најевтините уреди на Xiaomi опремен со двојна задна камера и е најновиот член на ова растечко семејство од моќни паметни телефони.
 
Паметните телефони од серијата на Xiaomi се меѓу најдостапните на пaзарот, иако опциите за нивна конфигурација варираат од едноставен, па сè до висок калибар. 

Предната 16MP камера со LED блиц прави одлични фотографии во сите околности, па дури и при слаба осветленост, а воедно има и можност за отклучување со поглед (Face ID). Моделот доаѓа со 3GB RAM и 32GB меморија.
 
Snapdragon 625 процесорот е супер брз и економичен, и го претвора овој уред со метално тело во неверојатна понуда без конкуренција. 
 
Xiaomi Redmi S2 во моментов е достапен по промотивна цена од 9.990 денари и двегодишна гаранција во продавницата на Хај Комуникации (Hi Store), единствениот официјален партнер на Xiaomi во Македонија. Промоцијата трае до 1 септември, а моделот можете да го купите во две бои: сива и златна.
 
Производите на Хај Комуникации можете да ги порачате онлајн на www.hi.mk, но може да се купат и во нивната канцеларија во населба Аеродром, на бул. Трета Македонска Бригада 48 (управна зграда Раде Кончар).