Иако некому ќе му звучи „футуристички“, кинеската компанија „Терафуџа” најави дека првиот нејзин летечки автомобил ќе почнат да го продаваат уште следната година.

Завршната верзија е речиси готова, а благодарејќи на партнерството со „Волво”, во проектот се вметнаа и многу софистицирани новитети. Се шпекулира дека станува збор за спортски елегантен летечки автомобил на хибриден погон, опремен со побезбедни литиум-јонски батерии и интерактивен интерфејс.

„Леталото“ ќе има и безбедносни појаси и воздушни перничиња, но многу детали се уште се чуваат во тајност.