Компанијата Air Help, којашто е позната по силното залагање за обесштетување на сите патници доколку нивните летови доцнат или се откажат, секоја година објавува листа на најдобрите и најлошите авиопревозници и аеродроми на светот.
Проценките на Air Help се темелат на три клучни фактори и тоа: дали летовите доцнат, каков е квалитетот на услугата и како се однесуваат, како и колку брзо реагираат на приговорите на патниците. Во селекцијата на аеродромите критериумите се слични, а во предвид е земена и варијаблата како патниците се чувствувале додека престојувале на одреден аеродром.
Листата на 10 најдобри авиокомпании на светот за 2018 година, според Air Help изгледа вака:
- Qatar Airways
- Lufthansa
- Etihad Airways
- Singapore Airlines
- South African Airways
- Austrian Airlines
- Aegean Airlines
- Qantas
- Air Malta
- Virgin Atlantic.
Додека пак, 10 најдобри аеродроми се:
- Hamad International Airport, Доха, Катар
- Athens International Airport, Атина, Грција
- Tokyo Haneda International Airport, Токио, Јапонија
- Cologne Bonn Airport, Келн, Германија
- Singapore Changi Airport, Сингапур
- Nagoya Chubu Centrair Airport, Нагоја, Јапонија
- Viracopos International Airport, Кампинас, Бразил
- Amman Queen Alia Airport, Аман, Јордан
- Guararapes-Gilberto Freyre International Airport, Ресифи, Бразил
- Quito International Airport, Кито, Еквадор
Помеѓу 10-те најлоши аеродорми, пак, на листата се најде и Paris Orly, како и London Stansted Airport. Од вкупно 141 аердором кои се вклучени на листата на Air Help, дури девет од 10-те најлоши се европски аеродроми. Несреќната титула за најлош годинава ја понесе Меѓународниот аеродром во Кувајт