На стадионот Јохан Кројф во Амстердам почна со работа најголемиот систем за акумулирање енергија во комерцијален објект во Европа. Рециклираните батерии на стадионот на Ајакс потекнуваат од Nissan Leaf.

Најголемиот производител на електрични автомобили во светот Nissan и фудбалската арена Јохан Кројф во Амстердам остварија уникатна соработка. Во холандскиот стадион проработе најголемата станица за акумулирање енергија во стари батерии од електрични автомобили во Европа, инсталирана во комерцијален објект.

Системот користи нови и употребувани батерии од електрични возила на 148 возила Nissan Leaf со вкупен капацитет од 3 MW, кои служат за складирање на енергијата што ја генерираат 4200 соларни панели на покривот на стадионот. Притоа, овој систем претставува помошен извор на енергија, со што се намалува потребата за дизел-генератори и го намалува оптоварувањето на енергетската мрежа преку намалување на екстремната потрошувачка за време на концертите.

Хенк ван Раан, директор на одделот за иновации во арената „Јохан Кројф“, изјавил: „Благодарение на тоа, ’Арена‘ има сигурен пристап до значителни количини енергија, дури и во случај на прекин во работата на електричната мрежа. ’Јохан Кројф‘ е еден од најодржливите стадиони на светот и е предводник во подрачјето на паметните иновации како овој единствен систем за складирање енергија“.