Apple го претстави безжичниот полнач AirPower пред една година со ветување дека ќе го издаде на пазарот во 2018, но од уредот се уште нема ни трага ни глас. Покрај тоа, во последните неколку недели компанијата го отстрани секое споменување на неговото име од официјалниот сајт. Нови информации од технолошкиот инсајдер Сони Диксон откриваат дека компанијата се уште има големи тешкотии во развојот на полначот, кои дури може да доведат до целосно прекинување на проектот.

На прво место, инженерите на Apple треба да се справат со големото зрачање на топлина, која се одразува на брзината на полнење на уредите и на работата на специјалниот чип на Apple, кој работи со лесна верзија на iOS. Заедно со ова, постојат проблеми и кај софтверот, како комуникацијата помеѓу уредите, активирањето на безжичното полнење, брзината на полнење и отчитувањето на наполнетоста на батеријата. Конечно, Apple се соочува со механички проблеми што доведуваат до интерференции.

Сето ова води кон голем број непознати за иднината на полначот. Apple веќе го отстрани името од својата веб-страница, што укажува на тоа дека уредот може да биде одложен, откажан или пренасочен. Сони Диксон посочува дека е малку веројатно AirPower да добие премиера до крајот на годината. Многу е веројатно заштитниот знак да биде префрлен на нов безжичен полнач, кој можеби нема да биде достапен до пролетта следната година.