Неколку дена по објавата дека Facebook Stories можат да се споделуваат јавно, социјалната мрежа најави уште едно подобрување за својот сервис. Facebook продолжува ја развива Stories функцијата и сега го донесува Stories за десктоп платформата.

Моментно не се сите корисници во можност да го користат Facebook Stories на своите компјутери, но официјалните лица на компанијата потврдија дека глобалната најава следува наскоро.

Десктоп верзијата на Stories сервисот е иста како и онаа за мобилните уреди, со една голема разлика – можно е да се видат Stories само на пријателите, а креирањето и натаму е лимитирано на Facebook апликацијата.