Комерцијална банка АД Скопје во соработка со MasterCard  ја претстави стратегиски иновативната услуга KomPay.

Со воведувањето на мобилна апликација, која овозможува најсовремена технологија за спроведување на бесконтактни плаќања со дебитни и кредитни картички издадени од страна на Банката, Комерцијална банка АД Скопје е прва банка во Република Македонија што ја обезбедува оваа услуга за своите клиенти.

Новата технологија на плаќање е се` уште во зародиш дури и кај земјите во опкружувањето.

KomPay е мобилна апликација наменета за физички или правни лица – корисници на Mastercard платежни картички, кои поседуваат мобилен уред со Andorid оперативен систем.  Со помош на  NFC технологијата за плаќања, мобилната апликација станува “мобилен паричник” кој ќе им обезбеди на корисниците побрзо и поедноставно плаќање.

Едноставноста, брзината и сигурноста се едни од клучните предности на оваа апликација. Преку нејзиното користење се добива можност за спроведување на бесконтактни плаќања со мобилниот уред на продажни места ширум светот. На овој начин на корисниците им е овозможено заштеда на време, кое може да го искористат за суштински активности.

„Денес, кога ја одржуваме една од најголемите мрежи на банкомати и ПОС терминали во земјата, и имаме најбезбедна платформа за Интернет и Мобилно банкарство, задоволство ни е нашите сограѓани да ги доближиме до најсовремените светски текови во доменот на дигитализирани плаќања. Ова всушност отсекогаш била нашата цел – да понудиме што подобри и побезбедни решенија, за нашите клиенти да добијат најмногу за своите средства„ изјавија од Комерцијална банка АД Скопје.

Поради лошите временски услови, претставникот на MasterCard г-ѓа Вања Манова, која е регионален директор за Бугарија и Македонија во MasterCard Worldwide, не присуствуваше на презентацијата но во својот допис таа вели:

„Ние во Мастеркард навистина го цениме фактот што Комерцијална банка е секогаш меѓу првите активисти и трендсетери на иновации, и тоа не само во Македонија, туку и во регионот, со силен придонес за подобрување на платната инфраструктура и креирање на модерни и попогодни начини за реализирање на плаќањата на клиентите.